Лев банер Десен банер

Со претставата „Сергеј е многу глупав“, Народен театар Охрид ја започнува театарската сезона

Со претставата „Сергеј е многу глупав“ режија Дејана Николовска, Народен театар Охрид е започнува театарската сезона, претставата ќе биде изведена на репертоарот во четврток 07.09.2023 година, со почеток во 20.00 часот, цена 200 денари, карти на билетара во продажба од петок 01.09.2023 година.
Автор: Дмитриј Данилов
Режија: Дејана Николовска
Улоги: Сергеј – Никола Тодороски
Првиот курир – Стрезо Стаматовски
Вториот курир – Горан Стојаноски
Третиот курир – Филип Кипровски
Маша – Елизабета Стефановска
Во претставата „Сергеј е многу глупав” се разигрува ситуација во која се кршат границите на реалноста во животот на еден актуелен современ лик – компјутерски програмер.
Навидумедноставна животна ситуација одеднаш се претвора во егзистенцијална ситуација. Курири–доставувачи, неочекувано доаѓаат кај Сергеј и уште од прагот соопштуваат
дека имаат намера да поминат точно еден час со него, по што ќе му дадат пратка со непозната содржина. Од овој момент па натаму, започнува надреалистично шоу кое го вовлекува гледачот во динамична игра во која дијалозите и хероите ги рушат сите очекувани театарски стереотипи и во која крајот за гледачите е целосно непредвидлив.
Серјожа не е глупав. Тој е типичен млад обрaзован човек, продукт на еден систем и наедно време. Тој го разбира животот на одредено ниво, како и повеќемината од нас.Тој се плаши од ирционалното кое, кога ќе влезе во нашите животи, треба да се третира соодветно. Во спротивно, може да остави несогледливи последици по животот. Што би направиле вие
на местото на Сергеј? Дали би ја отвориле пратката?
StrugaOnline

error: