Со претставата ,,Сергеј е многу глупав” утре почнува новата театарската сезона во Народен театар Охрид

- Локални
456
Со претставата ,,Сергеј е многу глупав” во режија на Дејана Николовска, Народен театар Охрид ја започнува театарската сезона, претставата ќе биде изведена утре, четврток 07.09.2023 година, со почеток во 20.00 часот, цена 200 денари, карти на билетара.

Во претставата „Сергеј е многу глупав” се разигрува ситуација во која се кршат границите на реалноста во животот на еден актуелен современ лик – компјутерски програмер. Навидум едноставна животна ситуација одеднаш се претвора во егзистенцијална ситуација. Курири доставувачи, неочекувано доаѓаат кај Сергеј и уште од прагот соопштуваат дека имаат намера да поминат точно еден час со него, по што ќе му дадат пратка со непозната содржина. Од овој момент
па натаму, започнува надреалистично шоу кое го вовлекува гледачот во динамична игра во која дијалозите и хероите ги рушат сите очекувани театарски стереотипи и во која крајот за гледачите е целосно непредвидлив. Серјожа не е глупав. Тој е типичен млад обрaзован човек, продукт на еден систем и на едно време. Тој го разбира животот на одредено ниво, како и повеќемината од нас.Тој се плаши од ирционалното кое, кога ќе влезе во нашите животи, треба да се третира соодветно. Во спротивно, може да остави несогледливи последици по животот. Што би направиле вие на местото на Сергеј? Дали би ја отвориле пратката?.“ – стои во описот на содржината.

Автор на претставата е Дмитриј Данилов. Играат актерите Никола Тодороски,  Стрезо Стаматовски, Горан Стојаноски, Филип Кипровски и Елизабета Стефановска.

Strugaonline

Facebook Коментари