Под мотото „Вашиот прилог-значајна помош“, Црвен крст – Струга во соработка со основните училишта Браќа Миладиновци и Јосип Брзо Тито ја одбележува Неделата на солидарност. Учесниците во хуманитарната акција по повод Неделата на солидарност собираат средства за ранливи категории. Оваа година, средствата ќе бидат наменети за стари лица и лица со посебни потреби.

Целта на оваа недела е преку имплементација на хуманитарни активности да се подигне свеста на населението за потребната меѓусебна поддршка и помош за ранливото население.

Strugaonline
Facebook Коментари