Сообраќајка на патот Јабланица-Лабуништа, повредени четири лица

- Локални
3149

На 10-ти јули 2023 година, во 22:10 часот било пријавено дека на регионалниот пат помеѓу селата Јабланица и Лабуништа се случила сообрaќајна несреќа во која се повредени четири лица.

– Незгодата се случила помеѓу патничко моторно возило марка „Бмв“, управувано од страна на 18-годишниот А.Н. и патничко возило „Фолксваген голф“, управувано од 35-годишниот Е.С., двајцата од селото Лабуништа и двете возила со струшки регистарски ознаки. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот Е.С. и сопатникот од возилото „Голф“ Џ.К.(37), а со телесни повреди се здобиле сопатниците од возилото „Бмв“, С.Н.(18) и А.Л.(18), сите од селото Лабуништа, констатирани во Специјалната болница „Св. Еразмо“ во Охрид. Извршен бил увид од увидна екипа од Полициската станица Струга, информираат од МВР.

Извор: МВР

Facebook Коментари