Сообраќајка на регионалниот пат Охрид-Струга, повреден стружанец

- Локални
1751

На 12-ти август 2024 година, во 01:35 часот во СВР Охрид било пријавено дека се случила сообраќајна незгода на регионалниот пат Охрид-Струга, кај Специјалната болница „Св. Еразмо“ во Охрид, во која е повредено едно лице.

– Во незгодата учествувало патничко возило марка „Опел астра“ со струшки регистарски ознаки, управувано од страна на 40-годишно лице од Струга, кое излетало од патот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот, констатирани во болницата „Св. Еразмо“. Увид извршила екипа од СВР Охрид, информираат од МВР

Извор: МВР

фото: архива

Facebook Коментари