На 26-ти август 2021 година, во 08:25 часот, на регионалниот пат Охрид-Струга, Р1208 се случила сообраќајна незгода во која се повредени четири лица.
– Незгодата се случила помеѓу патничко моторно возило марка „Фолксваген голф“ со дебарски регистарски ознаки, управувано од Ј.Л.(39) од Дебар и патничко моторно возило „Пежо 206“ со охридски регистарски ознаки, управувано од 42-годишниот А.Р. од Охрид. Во незгодата, со тешки телесни повреди се здобил А.Р., двајца сопатници од истото возило Х.Р.(36) од Охрид и Л.Ц.(42) од селото Пештани и уште еден сопатник од патничкото возило „Фолксваген голф“, Ј.А.(41) од Дебар констатирани во Специјалната болница „Св. Еразмо“ во Охрид. Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од Полициската станица Струга, информираат од МВР.
Facebook Коментари