Сообраќајка на регионалниот пат во село Враништа, едно лице е повредено

- Локални
579

На 26-ти мај 2022 година, околу 21:35 часот во ОВР Струга било пријавено дека на регионалниот пат во струшкото село Враништа, се случила сообраќајна незгода, во која е повредено едно лице.

 – Патничко моторно возило марка „Фолксваген пасат“ со струшки регистарски ознаки, управувано од страна на 18-годишниот А.Р. од Струга, удрило во 54-годишниот Н.П. од Струга. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил пешакот и бил пренесен во болницата „Св. Еразмо“ во Охрид, каде што подоцна починал. Увид на местото извршила екипа на ОВР Струга, информираат од МВР.

Facebook Коментари