Сообраќајни контроли на СВР Охрид, во Струга казнети 15 возачи

- Локални
384
При сообраќајни контроли извршени на подрачјето на СВР Охрид на 15/16.07.2021 година, полициските службеници затекнале и санкционирале 5 возачи на моторни возила кои управувале под дејство на алкохол (Охрид-02, Струга-03) и 26 возачи кои во населено место ја пречекориле дозволената брзина на движење (Охрид-05, Струга-12, Кичево-07, Дебар-02). Сообраќајните контроли ќе бидат интензивирани со цел доследно почитување на сообраќајните правила и прописи, зголемување на безбедноста во сообраќајот и смалување на можностите за сообраќајни незгоди.
Извор: СВР Охрид

Facebook Коментари