СОУ ,,Ибрахим Темо“ со свеченост ја започна учебната година и го прослави завршениот процес на реновирање

- Локални
914
По повод почетокот на новата учебна година и завршувањето на инвестициите и реновирањето во текот на овие последни три години, денеска во Општинското средно училиште „Др. Ибрахим Темо “- Струга, се одржа скромна церемонија поради ситуацијата во која се наоѓаме.
На оваа свеченост, организирана од персоналот на гимназијата, на чело со директорката Бесиме Јонузи, учествуваше градоначалникот на Струга, Г-дин Рамис Мерко, министерот за информатичко општество и администрација Г-дин Јетон Шаќири, претставници од општината и училишни професори, меѓу нив и професори во пензија.
Воведниот говор го одржа директорот на училиштето, која ги наброја реализираните инвестиции, заблагодарувајќи му се на градоначалникот Мерко за посветеноста во областа на образованието и знаењето.
Градоначалникот  Мерко потенцираше дека никогаш не е доволно за образованието. Институциите на знаењето заслужуваат да бидат ценети, бидејќи општеството напредува само преку образование и култура и уште повеќе, посебно што ова училиште отелотворува мултиетнички соживот.
Образованието сега минува низ големи предизвици и уверен сум дека успешно ќе ги надминеме овие предизвици заедно.-додаде Мерко.

Facebook Коментари