СОУ „Нико Нестор“ и Црвен крст-Струга во хуманитарна акција за учениците од специјалните паралелки во OУ „Браќа Миладиновци“

- Локални
1226

СОУ „Нико Нестор“ и Црвен крст-Струга  и оваа година организираа заедничка хуманитарна акција наменета за учениците од специјалните паралелки во  OУ „Браќа Миладиновци“ .

Најчесто, по повод Нова Година изминативе години хуманитарниот тим обезбедуваше новогодишни пакетчиња, но оваа година во консултација со учениците од специјалните паралелки и нивните наставнички одлучија да им обезбедат работен материјал кој вклучува хартија во боја, темперни бои, моливи и друг материјал неопходен за училишните активности.

Средствата за оваа хуманитарна акција ги обезбедија хуманите ученици од  СОУ „Нико Нестор“ кои во соработка со Црвен Крст- Струга организираа хуманитарен базар.

Strugaonline

Facebook Коментари