СОУ ,,Нико Нестор“ и ООУ ,,Браќа Миладиновци“ се победници на општинскиот натпревар по Прва помош
Во организација на Црвен крст -Струга вчера се одржа 45- тиот Општински натпревар по прва помош, на тема Повреди на спорски настани.

Од средните училишта победник е екипата на СОУ ,,Нико Нестор“ која на 12-ти мај ќе учествува на Регионалниот натпревар што ќе се одржи во Скопје. Од основните училишта, победник е екипата на ООУ ,,Браќа Миладиновци.“

Домаќин на овогодинешниот натпревар беше СОУ Др -Ибрахим Темо, а учествуваа десет екипи.
Strugaonline

