Лев банер Десен банер

Спасителски вежби на вода ќе се одржат утре на плажата „Бисер“

Спасувачи на вода од градот Фирт (Германија) кои  оваа недела престојуваат во Струга, заедно со своите колеги од Црвен Крст-Струга утре во 11:00 часот на плажата во хотел „Бисер“ ќе  одржат спасителски вежби. Освен спасители од Фирт и Струга, во вежбите ќе учествуваат и спасители од Охрид.

Спасувачите на вода од Фирт гостуваат во Струга и волонтираат на струшките плажи благодарение на долгогодишната соработка која се негува помеѓу ЦК Струга и организацијата Црвен Крст од збратимениот град Фирт.

Извор: Strugaonline

 

 

 

error: