Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, денеска во Охрид оствари работна средба со раководството на СВР Охрид на којашто бил информиран за активностите на оваа полициска организациона единица. Притоа, утврдено е дека според презентираните статистички и други показатели, безбедносните состојби на подрачјето во надлежност на СВР Охрид се мошне задоволителни, што е особено важно во пресрет на годинешната туристичка сезона, кога Охрид станува центар на туристичката посета и домашната понуда.

,,Во првите пет месеци од оваа година, компаративно со истиот период минатата година, евидентно е намалувањето на бројот на кривични дела по основ на класичниот криминал и се бележи зголемување на ефикасноста во расчистувањето на кривичните дела, која се движи од над 10%, а некаде и над 46% на ефикасност.-информираше Спасовски.
Тој додаде дека во однос на безбедноста во сообраќајот, споредбено со првите пет месеци од минатата 2021 година се бележи намалување во сите сегменти – број на сообраќајни несреќи, број на лица со потешки или полесни повреди и, што е особено важно, број на несреќи со загинати лица.
Strugaonline
Facebook Коментари