Специјалистичката ординација ,,Ortho Smile” започна со работа на PRP третманот за подмладување на кожа
Специјалистичката ординација ,,Ortho Smile” во Струга започна со работа на PRP третманот кој е процедура за подмладување на кожата. Со овој третман се овозможува регенерација на ткивото и подобар проток на крв во кожата, се зголемува еластичноста и поттикнува создавање на нов колаген, еластин и хијалуронска киселина.

,,Третманот се употребува кај пациентите за: Лечење на лузни од акни, пополнување на брчки, чистење флеки и неизедначена пигментација, создавање нов колаген, смалување на пори, одржување на тонус на кожата, против опаѓање на косата и за поттик за раст на бујно и квалитетно влакно.“ -информира стручниот тим на ,,Ortho Smile”.
Додаваат дека PRP третманот трае триесет минути и претставува безбедна метода бидејќи се обработува сопствената плазма на пациентот. За сигурен ефект се препорачува пет пати во годината.
Во ,,Ortho Smile” нудат промотивен пакет од 5000 денари.
За повеќе информации и резервации, обратете се на 078 300 196 или во просториите на “Ortho Smile”.
Strugaonline

