Лев банер Десен банер

Спортскиот фестивал ,,Илинден“ и „Унипласт“ Струга потпишаа Меморандум за соработка

Денес во просториите на фабриката за производи од армиран полиестер „Унипласт“ Струга беше потпишан меморандум за соработка и спонзорски договор со кој фирмата се обврзува да ја обезбеди целокупната опрема за кајакарските трки. Годинешниот Спортски фестивал Илинден ќе биде побогат за осум кајаци едноседи, комплет со весла и елеци за безбедност. Четири кајчиња за судиите на старт и една педалинка за судиите на патека.

Претседателот на фестивалот г-дин Коста Хиохи одблиску се запозна со процесот на изработка на опремата и изрази големо задоволство но и благодарност до сопствениците.

StrugaOnline

error: