Спортскиот клуб Соларис во соработка со Europe House организираат кајак тура – Патот на јагулата.
-Подгответе се за уникатна авантура по реката Дрим до езерото Глобочица, тура што ги спојува природата, младинските вештини и автентичната локална приказна – следејќи го патот на јагулата низ водите што кријат историја и убавина, велат организаторите.

На крајот на турата, учесниците ќе уживаат во мали локални закуски, подготвени со вкус и традиција.
Турата ќе се одржи во недела на 13 јули 2025 година со почеток во 08:00 часот
Местата се ограничени а можете да се пријавите тука: https://shorturl.at/SuzfE
-Види ја реката од нова перспектива – се гледаме на вода, додаваат организаторите на настанот.
StrugaOnline
Facebook Коментари