Средба на Менди Ќура и Салко Куч – Национален координатор за меѓуетничка и меѓуресорска соработка во Владата на Република Македонија
Градоначалникот на Општина Струга, Менди Ќура, вчера оствари работна средба со Националниот координатор за меѓуетничка и меѓуресорска соработка во Владата на Република Македонија, Салко Куч.
На средбата беа презентирани целите и задачите на Координативното тело, при што посебен акцент беше ставен на помалите етнички заедници, нивната поголема инклузија во општествените процеси, како и на надминувањето на нивните витални и секојдневни предизвици.
Градоначалникот Ќура ја нагласи подготвеноста на Општина Струга за активна и конструктивна соработка со Владата и сите релевантни институции, со цел унапредување на меѓуетничките односи, зајакнување на социјалната кохезија и создавање еднакви можности за сите граѓани.
Од Општина Струга информираат дека локалната самоуправа останува цврсто посветена на дијалог, партнерство и континуирана институционална соработка, како основа за стабилен, инклузивен и одржлив локален развој.
StrugaOnline

