Претседателката Гордана Сиљановска Давкова денеска во Охрид ги прими генерал-мајор Грегори Најт, командант на Националната гарда на Вермонт и заменик-амбасадорката на САД, Никол Варнс.
Како што информираат од кабинетот на Давкова, на средбата се разговарало за севкупната соработка на нашата држава со Националната гарда на Вермонт, како важен дел од стратешкото партнерство со САД и континуирана поддршка што САД од почетокот на независноста ја дава за евроатлантските интеграции на нашата држава, нејзиниот демократски развој, безбедност и стабилност.
-Претседателката Сиљановска Давкова изрази благодарност за поддршката на проектите за модернизација и опремување на Армијата и ја истакна важната улога што Националната гарда на Вермонт ја имаше за исполнување на стандардите на НАТО и влезот на државата во Алијансата. Таа ги поздрави намерите за натамошно проширување на соработката со Националната гарда на Вермонт за јакнење на нашите капацитети во одбраната и безбедноста.-стои во соопштението.
Тема на средбата била и соработката во рамки на НАТО алијансата и за состојбите во поширокиот регион, во контекст на руската агресија на Украина.
-Претседателката Сиљановска Давкова ја реафирмираше посветеноста на државата да придонесува, согласно можностите и капацитетите во справувањето со заедничките закани.-информираат од нејзиниот кабинет.
Strugaonline
Facebook Коментари