Утре (02.02.2018) во салата на Советот на Општина Струга, Заменик претседателот на Владата на РМ за Европски прашања, г-дин Бујар Османи ќе оствари средба со градоначалниците од југозападниот плански регион.
Османи, се очекува да зборува за Европските фондови и можности за финансирање на проекти, наменети за единиците на локалната самоуправа, по што од страна на стручните служби на СЕП ќе биде направена презентација со цел да се поттикне искористеноста на ЕУ фондовите.
Средбата е закажана за во 11:00 часот
По завршувањето на средбата, Советот за развој на југозападниот плански регион ќе ја одржи третата седница на која ќе биде разгледан Извештајот со степенот на реализација на Програмата за развој на Регионот во 2017 година, а се очекува да биде разгледан и усвоен и Акцискиот план за работа на Центарот за развој во тековнава година.
На седницата се очекува да бидат разгледани и други актуелни прашања од регионалниот развој.
Facebook Коментари