Средношколците од Струга во посета на Здружението за развој и активизам „Аква“ Струга

- Локални
206
Вчера, на 15 април, канцеларијата на Здружението за развој и активизам „Аква“ Струга беше посетена од средношколците.
Во рамки на проектот Social Day, младите се приклучија и работеа како логистичка и административна поддршка, помагајќи им на предавачите и координатори во дневните активности.
-Нивната енергија, посветеност и креативност беа вистинско освежување и потсетник зошто младите треба да бидат вклучени и охрабрени да ја градат заедницата што ја посакуваат.
Со нивното учество, тие не само што стекнаа нови искуства, туку и директно придонесоа кон развојот на младинскиот фонд на Social Day, од кој ќе се поддржат нови иницијативи за подобрување на положбата на младите во државата, велат од Здружението за развој и активизам „Аква“ Струга.

StrugaOnline

Facebook Коментари