
Владата го прифати предлогот на Комисијата за заразни болести за онлајн организирање на наставата за првите седум дена во Струга и Кичево само за средните училишта, заради ситуацијата со вирусот во овие општини, по што, откако ќе заврши овој период, ќе се донесе нова одлука согласно развојот на ситуацијата.
На седница на Влада дополнет е и протоколот за бројот на децата по групи во градинките, со што се зголеми бројот на деца од 21 на 25 деца и тоа само во големите групи, а не и за групите со деца до две години.
Facebook Коментари