Стартуваше првиот Базар со рачни изработки во Мезебар ,,Барабар“

- Локални
511

Денеска и утре во  Мезебар ,,Барабар“ за прв пат се одржува Базар на рачни изработки.  Освен од Струга, има учесници и од други градови на Македонија.

,,Секогаш се воодушевуваме од уникатни рачни изработки од вешти луѓе па затоа тимот на Барабар ве поканува на првиот БАЗАР, настан кој ќе донесе насмевки на сите посетители а воедно ќе ги поддржи сите учесници кои се пријавија на БАЗАРОТ!“. -велат од тимот на ,,Барабар“.

Ова е убава можност за стружани и туристите да го посетат базарот, а од Мезебар ,,Барабар“ информираат дека доколку се покаже дека има интерес, вакви настани ќе се организираат и во иднина. Базарот стартуваше во 11:00 часот.

Strugaonline

Facebook Коментари