Статистика изброи дека во Струга расте природниот прираст на населението

- Локални
754

Според податоците од Државниот завод за статискика , иако се намалил бројот на новороденчиња во Струга во првите три месеци од 2017 година, сепак природниот прираст на населението е во позитива – односно е со индекс 12. Статистика изброи дека  во извештајниот период во Струга се родиле  157 деца, а починале 145 лица од кои две биле новороденчиња. Во последниов период во Струга биле склучени вкупно 87 бракови, а 23 бракови завршиле со развод.

Извор: ОхридПреc/Strugaonline

Facebook Коментари