Ставен под контрола пожарот во струшко кај Долна Белица, Октиси и Велешта

- Локални
393

Во Општина Струга, од вчера, околу 14:10 часот, започнат е пожар на ниска вегетација кај селото Долна Белица, кој подоцна се проширил кон селата Октиси и Велешта и истиот бил излезен од контрола и проширен кон шума, информираат од Центарот за управување со кризи (ЦУК).

– Интервенирале со 3 пожарникари и едно против-пожарно возило, но подоцна се приклучиле и други екипи, како и месно население. Според информациите од ТППЕ пожарот е ставен под контрола околу 01:45 часот, а се’ уште гори депонијата во селото Октиси, поради што во 06:30 часот испратена е екипа од ТППЕ Струга на интервенција, додаваат од ЦУК.

Facebook Коментари