„Стави појас“ – нова превентивна кампања на подрачјето на СВР Охрид

- Локални
449

„Стави појас“ е новата превентивна кампања што ќе се реализира на целото подрачје на СВР Охрид.

 Во рамки на кампањата, предвидено е, на повеќе градски сообраќајници, на локалните, регионалните и магистралните патишта, да се постават сообраќајни пунктови каде ќе се врши контрола на возачите на моторни возила, но и укажување за неопходноста од користење заштитни појаси како основна мерка за подигнување на безбедноста за време на управување со моторно возило.

Притоа, полициските службеници ќе поделат флаери, маици и друг и соодветен едукативен материјал со логото „Стави појас“. Кампањата ја реализираат Отсекот за превенција и при СВР Охрид и РСБСП.

извор: СВР Охрид

фото: aрхива

Facebook Коментари