Стендап-претставата „Влези, не се соблакај“ од Весна Петрушевска на 5-ти мај пред охридската публика
Во петок, 5-ти мај, со почеток во 20:00 часот, во Центар за култура ,,Григор Прличев“ во Охрид ќе се игра стенд-ап претставата ,,Влези не се соблекувај“ од актерката Весна Петрушевска

Стендап-претставата „Влези, не се соблакај“, е исповед за животот на Весна Петрушевска, во која во час и половина низ солзи и смеа се раскажуваат нејзините подеми и падови, како и најзначајните моменти од нејзиниот живот, детството, младоста, мажачката и инцидентот со автомобилот што ѝ падна во Вардар.
Актерката низ хумор раскажува како го запознала и се венчала со својот поранешен сопруг, но и за врската со помладото момче, со кого откако раскинала, ослабнала 20 килограми. Раскажува и за тешките моменти на својот живот и за тоа како никогаш не верувала дека ќе падне во клиничка депресија.
Билети можете да набавите на билетарата при охридскиот Центар за култура секој работен ден, по цена од 250 денари.
