Во новиот број на бугарското електронско списание „Светлина“/”Сияние“, што го уредува Марија Герасова-Спасова независен новинар од Пловдив – Бугарија, деновиве, објавени се македонските писатели Љубинка Донева, Петко Шипинкаровски и Тоде Илиевски.
Претставувањето и изборот од поетското творештво на Донева, Шипинкаровски и Илиевски го направи бугарската поетеса Латинка Златна алијас Алтенка Сапунџиева од Ловеч – Бугарија.
Инаку, Латинка Златна составувач и преведувач е на петојазичната антологија „Гласови на Балканот“, објавена во 2016, каде затапени се поети од Македонија, Србија, БиХ, и Хрватска, како и на АЛМАНАХ на современата македонска поезија – избор од творештвото на македонските поети Борче Панов, Васил Тоциновски, Зоран Јакимоски, Љубинка Донева, Марина Мијаковска, Марта Марковска, Петко Шипинкароски, Ристо Јачев, Славчо Ковилоски, Стела Босилковска, Тоде Илиевски и Христо Петрески.
Извор: StrugaOnline
Facebook Коментари