Стихови од поетот Милутин Бебекоски посветени на Блаже Конески

- Локални
1107

Годинава се одбележуваат 100 години од раѓањето на Блаже Конески. Конески е  истакнат македонски книжевен, културен и јавен работник, академик, поет, прозаист, есеист, книжевен историчар, филолог и јазичар, преведувач и професор на Филозофскиот факултет во Скопје. Тој бил и еден од кодификаторите на современиот македонски литературен јазик и значајна личност во македонската книжевност.

По повод сто години од раѓањето на Коноски, ги објавуваме стиховите на познатиот струшки поет Милутни Бебекоски, посветени на Конески и неговото родно Небрегово.

СТИХОВИ ЗА ВЕЛИКАНОТ

НЕБРЕГОВО

(На Блаже Конески)

Беше речит,

Остана вечит…

Со црква,

ѕидје – снегово,

белокамено,

наоколу,

ридје – брегово,

бигоркамено,

беше,

селото негово,

Небрегово…

Милутин Бебекоски

Милутин Бебекоски беше поет, писател за деца. Роден е на 6-ти јануари 1941 година во Вевчани.  Во 1973 година станал член на Друштвото на писатели на Македонија.

Автор е на книгите: Нишалка под виножито (поезија за деца, 1966), Ѕвездена труба (поезија за деца, 1970), Копче од ѕвезда (поезија за деца, 1972), Возот на детството (поезија за деца, 1973), Воденици (поезија за деца, 1978), Долетај на дланка (поезија за деца, 1979), Дреноцут (поезија за деца, 1983), Записи за Дримкол (поезија за деца, 1986), Тапијата на дедо ми Гаврил (поезија, 1990), Суво поле (поезија за деца, 1998), Градината на дедо ми Гаврил (поезија за деца, 1998). Добитник е на наградата на РТВ Скопје. 

Strugaonline

Facebook Коментари