Лев банер Десен банер

Стојан Кукунешоски добитник на благодарница „Миладиновско слово“ за објавена песна

Во Струга се одржа чествување по повод 215 годии од раѓањето на Димитар Миладинов и 195 години од раѓањето на Константин Миладинов.

Фондацијата „Браќа Миладинови“- Миладиновско слово, одржа свечено чествување по повод 215 години од раѓањето на Димитрија Миладинов и 195 години од раѓањето на Константин Миладинов.

Настанот се одржа во НУ Центар за култура „Браќа Миладиновци“-Струга.

Во рамките на чествувањето беше промовирана збирката песни со посвета на Миладиновци, создадена по повод распишаниот конкурс.

Дента беа доделени признанија на наградените автори и благодарници за учесниците. Во збирката меѓу многуте застапен е и фото репортерот на весникот „Пензионер плус“ Стојан Кукунешоски, со песната „Видов споменик“ на кого и му беше доделена Благодарница за учество.

StrugaOnline

error: