Минатиот викенд, и Струга беше дел од најмасовниот еколошки настан „Генералка викенд“.

Веќе трета година по ред, Општина Струга активно учествува на овој настан. Учениците од основните и средните училишта во Струга, помогнати од невладината организација „АКВА“, вработените во Општина Струга, како и од волонтерите од Црвен Крст, заедно чистеа на повеќе локации.

Најголем акцент се стави на крајбрежјето на Охридското Езеро, почнувајќи од Солферино (Црвен Крст), па се до одморалиштето 25 Мај, како и на кејовите на реката Црни Дрим. Во оваа акција, учество земаа околу 150 учесници и се собраа околу 1000кг отпад.

Настанот има за цел да ја зголеми свеста на луѓето за загадувањето на природата и животната средина. Носител на настанот е MAN AND MOUNTAIN, заедно со партнерите Пивара Скопје, Пакомак, Нула Отпад, Шпаркасе Банка, Костал, ЕВН, Бучим, Saubermacher и Црвен Крст, поддржани од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, Министерството за животна средина и од Општина Струга.
StrugaOnline
Facebook Коментари