Струга доби две нови возила за собирање на отпад во тесните улички
Струга доби две нови возила за собирање на отпад во тесните улички на централното градско подрачје.
-Во текот на 2025 година, Центарот за развој на Југозападниот плански регион го реализира проектот „Јакнење на капацитетите на јавните комунални претпријатија“, финансиран преку Програмата за рамномерен регионален развој. Проектот има за цел подобрување на комуналните услуги во 5 општини од регионот преку набавка на современа опрема и нови возила. Со оваа инвестиција се зголемува ефикасноста, се намалуваат трошоците на работа и се подобрува квалитетот на живот на граѓаните. Вредноста на оваа инвестиција е 1.200.000 денари информираат од Општина Струга.StrugaOnline

