Струга е домаќин на конференција за религиски дијалог „Односот меѓу религијата и глобализацијата: религискиот партикуларизам наспроти религискиот универзализам“

- Локални
527
Градоначалникот Рамис Мерко учествуваше на Втората европска конференција за религиски дијалог и соработка, што се одржува во Струга на тема,,Односот меѓу религијата и глобализацијата: религиозен партикуларизам наспроти религиозен универзализам“.
-Задоволство и чест ми е да претставувам општина за пример и по верски и по етнички соживот. Струга е пример за мултикултурализам и има хармонија меѓу граѓаните и можеби не случајно оваа конференција се организира токму овде“ – потенцира Мерко.

Оваа конференција ќе трае до 16-ти јуни, а на неа учествуваат 83 учесници од 20 земји, вклучително и од Македонија.

Ќе бидат отворени за дебата прашањата околу улогата на религијата како силен чувар на националниот и верскиот идентитет што води кон локализам и го спречува влијанието на глобалните процеси, дејствување во име на религијата, како и дали фундаментализмот е форма на колективен идентитет.

Strugaonline

Facebook Коментари