Лев банер Десен банер

Струга е подготвена за Богојавление-Водици

Струга е подготвена за големиот христијански празник Богојавление- Водици. Осветувањето на водите во реката Црн Дрим ќе се случи во понеделник во 11:00 часот.

Богослужбата во соборниот храм „Свети Ѓорѓи“, од каде и ќе тргне поворката, ќе почне во 8 часот, а поаѓањето кон Чаршискиот мост во 10 часот и 30 минути. Чинот на осветување на водите ќе го врши архијереј на Дебарско-кичевската епархија – архимандритот Георгиј (Ѓорѓевски).

Кум за Водици оваа година е Цветан Аврамоски кој ќе го дарува среќниот фаќач на Крстот.

Strugaonline

error: