Лев банер Десен банер

Струга го одбележа 80 години од народното востание 1941 – 2021

Сојузот на борци на општина Струга, го одбележа 11 –ти Октомври Денот на народното востание на Македонија.

По повод 80 годишниот јубилеј од народното востание на Македонија, делегации од Сојузот на борци, предводени од претседателот Ајредин Мемети од Општина Струга, делегација на Здружението на пензионери. Делегации од политичките партии, кандидатите за градоначалници, граѓани и останати преставници од јавниот живот положија свежо цвеќе на Споменикот на ревелуцијата во центарот на градот.

Претседателот на борците Мемети, истакна дека оваа година се одбележува 80 години од Народното востание (1941-2021). Го прославуваме Денот: кога, во големата 1941 го поведовме крвавото оро на четиригодишното оружено војување по ове наши родни, македонски полиња и планин, во еден братски и нерасилив борбен строј со сите останати народи и народности на Југославија. Против еден и ист, заеднички непријател, истакна Мемети во своето кратко обраќање.

Одбележувањето се одржа според пропишаниот протокол, во врска со Коронавирусот.

Текст и фото: СТОЈАН КУКУНЕШОСКИ

error: