Лев банер Десен банер

Струга испрати помош за Гостивар: Донирани 850 литри вода за пиење и цистерна за водоснабдување

Општина Струга и ЈП „Комунално“ Струга се вклучија во помошта за граѓаните на Гостивар, кои се соочуваат со вонредна состојба во водоснабдувањето.

По барање на градоначалникот на Општина Струга, Менди Ќура, директорот на ЈП „Комунално“ Струга, Ресул Чолаку, заедно со тимот на претпријатието, веднаш одговориле на повикот за солидарност и поддршка.

Како прва мерка, од Струга кон Гостивар биле испратени 850 литри вода за пиење, со цел да им се помогне на граѓаните кои се погодени од актуелната состојба.

Покрај тоа, ЈП „Комунално“ Струга и Општина Струга ќе ѝ отстапат нова цистерна на Јавното комунално претпријатие во Гостивар, која ќе биде ставена на располагање сè до целосно надминување на проблемот со водоснабдувањето.

Од Општина Струга истакнуваат дека во моменти кога граѓаните се соочуваат со предизвици, меѓусебната поддршка и солидарност се од особено значење.

„Во тешки моменти, најважно е да бидеме заедно и да си помагаме“, порачуваат од локалната самоуправа, нагласувајќи дека Струга останува подготвена да даде придонес секогаш кога е потребна помош, велат од Општина Струга.

StrugaOnline

error: