Струга ќе биде домаќин на Европскиот клупски куп на шампиони во шах

- Локални
1014
Потпретседателот на Шаховската Федерација на Македонија , Агим Шемшиу, заедно со членовите Сурија Таук – Јахја Кемал и Горан Тимчевски – Етно село Тимчевски Куманово, оствари средба со градоначалникот на Општина Струга, Рамис Мерко.
,,Целта на посетата беше барање поддршка од страна на градоначалникот за организација на Европскиот клупски куп на шампиони, за кој оваа година за домаќин е избран градот Струга.“ -информираат од Општина Струга.
Европскиот клупски куп ќе се одржи во хотел Изгрев и хотел Дрим од 17 до 25 септември.
Покрај  многубројните учесници од различни држави,  ќе учествува и светскиот шампион во шах, норвежанецот Магнус Карлсен.
Strugaonline

Facebook Коментари