Струга и годинава ќе биде новогодишно украсена, а ќе има и забавна програма за најмладите.

-Во рамки на Новогодишните празници на крајот на годината, општина Струга, приспособувајќи се кон заштедата на електрична енергија поради актуелната криза, ќе организира забавна програма за децата од градинките во градот, вклучувајќи и прошетка на Дедо Мраз.-информираше Беса Зиба, портпарол во Општина Струга.
Таа додава дека за новогодишната ноќ предвиден е концерт што ќе го реализираат општинското основно и средно музичко училиште.
Украсувањето на градот ќе се врши со украси од претходните години и со поскромен буџет што ќе се гласа на следната седница на Советот на општината.
Предвидено е украсување на централното градско подрачје, вклучувајќи го и главниот мост.
Strugaonline
фото: архива
Facebook Коментари