На 21 септември, Струга ќе биде центар на спортот, дружбата и позитивната енергија – започнува првото издание на трката „Дрим Ран 2025“.
-Ги повикуваме граѓаните на Струга да се приклучат и да се пријават на трките од 5 и 10 километри, каде што ќе има и специјални награди за најбрзите стружани. Ова е вистинска можност да се предизвикате себеси, да ја почувствувате атмосферата на спортскиот дух и да станете дел од настан кој ќе прерасне во традиција, велат организаторите.
Пријавите можат да се извршат на страната: www.drimrun.mk
Во рамките на манифестацијата ќе се одржи и Боград детска трка, посветена на децата и нивната радост. За сите учесници од 5 до 13 години котизацијата е бесплатна – доволно е родителите да ни пишат на нашиот Instagram профил @drimrun за да го добијат специјалниот код за пријава.
Трката ќе се одржи на 21 септември 2025 во Струга, старт и финиш на Чаршиски мост.
StrugaOnline
Facebook Коментари