Владата на Република Македонија ќе ги превземе долговите кои сега ги имаат општините Охрид и Струга по основ од кредитот на ЕБОР за Проаква.
Во соопштенито на Владата стои:
Владата ја разгледа и ја усвои информацијата во врска со побарувањата на Министерството за финансии по основ на користен кредит од страна на Мешовитото јавно претпријатие Проаква Струга по основ на Поддоговорот за кредит од Акционата програма за унапредување на општините и животната средина, и донесе одлука за укажување до општините Струга и Охрид, како и до МЈП Проаква Струга, во рок од една недела, да достават до Министерството за финансии барање со предлог за исплата на обврските согласно Законот за задолжување на Република Македонија со кредит кај Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) по договорот за проектот „Акциона програма за унапредување на општините и животната средина во Куманово, Велес, Штип, Струмица, Охрид/Струга“.
Оваа одлука на Владата на Република Македонија е во соласност со определбата на владата да изнајде трајно решение за состојбата со долгот по овој основ што го имаат општините Струга и Охрид, што претставува сериозна пречка во нивното работење. – соопштија од владината прес служба.
Facebook Коментари