Лев банер Десен банер

Струга повторно и денес дише загаден воздух и цел ден е без вода

Струга и околните населени места вечерва повторно дишат загаден воздух, тешка смрдеа се шири наоколу која доаѓа од депонијата која веќе е во центарот на Струга.

Горат материи кои постојано се депонираат таму од Струга и околината а сеуште нема на повидок никакво решение за овој голем проблем.

За проблемот да биде уште поголем Струга, градот кој живее на две води, денес цел ден е без вода. На високи температури сеуште, граѓаните се оставени без капка вода, за своите потреби, официјалното соопштение од ЈП „Водовод и Канализација“ е дека повторно тие не се криви за тоа што нема вода, односно дека сега се криви Државното претпријатие за управување со води.

Известувањето од директорот на ЈП „Водовод и Канализација“ Струга гласи вака:

“Реакција на директорот на ЈП „Водовод и Канализација“ – Струга

Денес градот Струга остана без вода за пиење, не по вина на јавното претпријатие кое јас го раководам, туку како последица на оштетување на главната цевка од страна на Државното претпријатие за управување со води.

Неприфатливо е претставниците на централната власт, наместо да им се извинаат на граѓаните за овој скандал, да се обидуваат да ја префрлат вината со тоа што неосновано ја обвинуваат Јавното комунално претпријатие „Водовод и Канализација“ – Струга.

Сакам јасно да потенцирам дека јас, како директор на ова претпријатие, не сносам никаква одговорност за оваа штета. Напротив, јас ќе иницирам службена постапка во полиција, за да излеземе на терен и прецизно да се констатира причината за штетата и институционалната одговорност.

Ова е тежок чин кој директно го засега секојдневниот живот на граѓаните на Струга. Наместо пропаганда, граѓаните имаат потреба од решение, транспарентност и одговорност.

Ќе бидам секогаш во одбрана на јавниот интерес и вистината, затоа што ова претпријатие им служи на граѓаните, а не на дневната политика.

Директор на ЈП „Водовод и Канализација“ – Струга”

И не е само денес проблемот, туку проблемот со водата трае долго време односно жителите на град Струга кои живеат над трети спрат поради нискиот притисок еве веќе три месеци се жалат дека немаат вода.

StrugaOnline

error: