Струга претставена на Меѓународниот саем за туризам во Истанбул
Општина Струга денеска официјално го започна своето претставување и промоција на Меѓународниот саем за туризам во Истанбул, Република Турција. Настапот на саемот се реализира со финансиска поддршка од Министерството за култура на Република Македонија.
Струга се претставува на заеднички штанд со Општина Дебар, при што се промовираат туристички материјали и понуди од локалните хотелиери и тур-оператори кои се вклучија во активностите по покана на Општината.
Надлежните информираат дека учеството на вакви меѓународни туристички манифестации е од исклучително значење за позиционирање на Струга како атрактивна туристичка дестинација, со акцент на природните убавини, богатото културно наследство и традиционалното гостопримство.
Преку ваквите активности, Општина Струга продолжува да го промовира туризмот како една од клучните гранки за економски и културен развој на општината.
StrugaOnline

