Лев банер Десен банер

Струга се подготвува за ,,Водици“ , Светиот Крст во среда во 11:00 часот ќе биде спуштен во водите на реката ,,Црн Дрим“

Струга се подготвува за големиот христијански празник Богојавление ,,Водици“.
Свеченоста на спуштањето на Светиот Крст во водите на реката Црн Дрим, во среда,  ќе се одржи во 11:00 часот од Чаршискиот мост.
Претходно, во црквата „Свети Ѓорѓи” ќе се одржи утринска богослужба и литургија, а во 10 часот и 30 минути верниците ќе тргнат кон мостот.
Пријавувањето на капачите ќе биде утрото во 9 часот пред хотелот „Београд”.
Среќниот фаќач на светиот крст ќе биде даруван со пригодни подароци од годинашниот кум на манифестацијата и спонзори.
Strugaonline

error: