Вчера во Струга почина Љубомир Ќук кој е познат како некогашен голман на ФК „Караорман“ и вистинска легенда на струшкиот фудбал. Во неговата биографија стои дека освен голман, Ќук беше и тренер на голманите на „Караорман“ и на фудбалерита на Караорман, Морнар – Радожда, Дримкол-Вевчани и други. Од своите пријатели и познаници Љубомир Ќук е опишан како прекрасна личност која во текот на својот живот несебично го пренесувала своето богато искуство на помладите фудбалери, пред се на голманите.
Ќе остане запаметен по љубовта кон фудбалот, професионалноста и посветеноста.
Извор: FK „Karaorman“ 1923\Strugaonline
Фото: FK „Karaorman“ 1923
Facebook Коментари