Лев банер Десен банер

Струга се соочува со проблем со одгледувачницата на кучиња во училишен двор

Во дворот на основното училиште Јосип Броз Тито во Струга се уште функционира одгледувачницата на различни раси кучиња меѓу кои питбул и ротвајлер. И по речиси два месеци од како Алсат М пишуваше за овој проблем нема реакција од институциите. Родителите велат дека се подготвени и на радикални чекори. Писмено побарале од надлежните органи да ги преземат сите потреби мерки.

„Барањата беа да се заштитат правата на децата, односно децата да бидат слободни во училишниот двор. Заклучоците беа уште еднаш да се алармираат институциите на системот да ја завршат работата. Со дописи информирани се училишниот одбор и управата на училиштето, како и општината и другите институции“. – изјави Танас Вељаноски, претседател на совет на родители.

„Загрижени сме за безбедноста на нашите деца бидејки во дворот на училиштето има кучиња без разлика дали тие се тука одгледувани или тука доаѓаат. Се надеваме дека проблемот ќе се реши за сите и за одгледувачот. Ние бараме во училишниот двор да немаме контакт со кучињата, а тој каде ќе ги одгледува си има институции кои ќе кажат каде тој ќе одлгедува и каде може да одгледува“. – вели Мирко Укоски, родител.

Од општина Струга ветуваат дека наскоро ќе има решение на проблемот.

„Двата општински инспекторати, градежниот и комуналниот, веќе се излезени на терен и имаат изготвено записник за нивно отстранување и се надеваме дека за кратко време со помош на полицијата тоа ќе биде решено“. – изјави Кренар Лога, општина Струга.

На оваа фарма за кучиња се одгледуваат седум кучиња. Сопственикот тврдеше дека тие не биле опасни за средината и оти дворот на училиштето бил негов. Еден дел каде што биле сместени кучињата веќе му бил вратен, додека за останатиот дел била поднесена жалба до судот во Стразбур.

„Безбедноста е многу голема, бидејки јас не ги пуштам кучињата, а и кога ги пуштам им ставам маска, синџир и излегувам од тука. Ги носам накај 25-ти мај, одам до Калишта и Радожда“. – изјави Ади Даути, сопственик на кучињата.

Учениците со кои зборувавме велат дека не се чувствуваат доволно бебедно и оти во дворот на училиштето каде се одржуваат и часовите по физичко постојано се шири непријатна миризба. Од раководството на Јосип Броз Тито велат дека сето ова се рефлектирало и на насавниот процес.

Извор: Alsat M / Мики Трајковски

error: