Струга се вклучи во глобалната кампања „16 дена активизам против родово базирано насилство“

- Локални
464

Комисијата за еднакви можности на мажите и жените при Општина Струга, заедно со Американско катче Струга и Центарот на заедницата на Општина Струга се приклучуваат кон глобалната кампања „16 дена активизам против родово базирано насилство“.

По тој повод, денеска во Американското катче се одржа книжевен муабет ,,Ова завршува со нас“,  во понеделник волонтерите од Американско катче на минувачите во струшката чаршија ќе им поделат портокалови панделки како симбол за подигнување на свеста како и информативни брошури на темата.  Во среда, 7-ми декември, во период од 11:00 до 15:00 часот во Општина Струга ќе се одржи изложба на ученички цртежи, а во петок, 9-ти декември работна средба ќе одржат институциите кои работат на родово базирано насилство.

Strugaonline

Facebook Коментари