Струга се вклучува во акцијата на собирање потписи за измени на закони и правилници за лицата со посебни потреби

- Локални
2294

Во акцијата за собирање на потребните 10 000 потписи кои промените на законите и правилниците за лицата со посебни потреби  ќе ги внесат во собраниска процедура се вклучува и градот Струга. Иницијативата е на Центарот за лица со интелектуална попреченост „Порака нова“. Во целост ви ја пренесуваме нивната објава:

„Порака нова се приклучува кон Граѓанската иницијатива 5 до 12 за собирање потписи за поддршка на БАРАЊАТА
за измени на законите, подзаконските акти како и правилниците кои се однесуваат на лицата со посебни потреби.
Порака нова ја спроведува активноста во соработка со Посебните Паралелки од ОУ Браќа Миладиновци – Струга, Здружение на глуви и наглуви Струга, Сојуз на слепи Струга.

Акцијата во Струга ќе трае од 25 до 28 април 2017.

РАСПОРЕД ЗА СОБИРАЊЕ ПОТПИСИ:
– 10 до 12 часот ШТАНД пред КЛИО,
– 13 до 16 часот МОБИЛНА ЕКИПА низ ИНСТИТУЦИИТЕ и ФИРМИТЕ во Струга,
– после 16 часот КНИГАТА ќе биде ВНАТРЕ ВО Книжарница КЛИО.

Ве очекуваме стружани!!! Понесете лична карта со себе.“

Facebook Коментари