
„Најсреќниот човек на светот“, во режија на Теона Стругар Митевска, на 17-ти мај (среда) и 18-ти мај (четврток) со почеток во 19.00 часот, ќе има своја премиера во Струга, во кино салата на Центарот за култура „Браќа Миладиновци“. Цената на картите е 150 денари.
Филмот својата премиера ја имаше на 27-ми октомври 2022 година во Кино Милениум во Скопје и беше избран за македонски кандидат за Оскар во категоријата најдобар меѓународен филм. Филмот е копродукција помеѓу Македонија, Словенија, Хрватска, Белгија, БиХ и Данска.
-Асја е 40 годишна самостојна жена која живее во Сараево. Таа го запознава Зоран, 43 годишен банкар на настан за состаноци. Но Зоран не е таму за да ја пронајде љубовта на неговиот живот, туку прошка. За време на војната во 1993 Зоран пукал врџз градот од спротивната страна и сака да ја запознае неговата прва жртва. Сега, двајцата ќе треба повторно да ја преживуваат болката во нивната потрага по прошка. – стои во кратката содржина на филмот.
Играат: Ирма Алимановиќ, Изудин Бајровиќ, Ведрана Божиновиќ, Јелена Кодриќ, Ана Костовска, Николина Кујача, Лабина Митевска, Ксенија Маринковиќ, Мона Муратовиќ, Аднан Омеровиќ, Кемал Ризвановиќ, Синиша Видовиќ.
Strugaonline
Facebook Коментари