Струшка премиера на филмот „Најсреќниот човек на светот“ на 17-ти и 18-ти мај

- Локални
404
„Најсреќниот човек на светот“, во режија на Теона Стругар Митевска, на 17-ти мај (среда) и 18-ти мај (четврток) со почеток во 19.00 часот, ќе има своја премиера во Струга, во кино салата на Центарот за култура „Браќа Миладиновци“. Цената на картите е 150 денари.
Кратка содржина:
Асја е 40 годишна самостојна жена која живее во Сараево. Таа го запознава Зоран, 43 годишен банкар на настан за состаноци. Но Зоран не е таму за да ја пронајде љубовта на неговиот живот, туку прошка. За време на војната во 1993 Зоран пукал врџз градот од спротивната страна и сака да ја запознае неговата прва жртва. Сега, двајцата ќе треба повторно да ја преживуваат болката во нивната потрага по прошка.
Филмот имаше премиера лани на 27.10.2022 во Кино Милениум во Скопје и беше избран за македонски кандидат за Оскар во категоријата најдобар меѓународен филм. Филмот е копродукција помеѓу Македонија, Словенија, Хрватска, Белгија, БиХ и Данска.
Strugaonline

Facebook Коментари