Струшката болница доби донација-средства за дезинфекција наменети за породилни сали

- Локални
895

Црвен крст на Република Северна Македонија- Општинска организација Струга денеска во струшката болница  ја предаде донацијата обезбедена преку донаторот -ЛДС црквата од Америка. Донацијата содржи средства за дезинфекција наменети за породилните сали во неколку општини, вклучувајќи ја и Општина Струга.

,,Желбата на донаторот  беше да се обезбедат средства за дезинфекцвија  токму за овие оделенија, каде се третираат родилките и новороденчиња и истите да бидат заштитени односно да се спречи појавата и ширењето на вирусот ковид 19“. – информираат од Црвен крст Струга .

Strugaonline

Facebook Коментари