На ден 16. 09. 2017 во Скопје, општина Гази Баба се одржа државен натпревар по прва помош. Општина Струга беше претставена од екипата на ПСУ ” Јахја Кемал” -Струга како победник од општинскиот натпревар одржан во месец мај, во состав : Даниел Петровски, Викторија Постолоска, Ајше Хасан, Ангела Петреска, Нуки Ина Осман и Ана Попеска, сите ученици во приватното средно училиште “Јахја Кемал”-Струга.
Екипата ја предводеше проф. Коста Хиохи кој е и одговорен за секцијата по прва помош во училиштето. На натпреварот учество зедоа 27 општински екипи кои се натпреваруваа на 9 пунктови распоредени низ целата општина Гази Баба. На еден пункт имаше и по неколку повреди како клиничка смрт по струен удар, ампутирани прсти, пригмечени нозе, срцев удар, каснување од куче, отворени рани на екстремитети, абдомен, лица со самоубиствени намери, лица во алкохолизирана состојба кои прават нереди и други повреди кои можат да се сретнат во секојдневието.
Имаше симулации на сообраќајни несреќи со мотор, експлозија во јавен превоз-автобус, несреќи во работни услови но и пунктови за десеминација и едукација.
Струшката екипа се пласира на 11 место и ако се земе впредвид младоста и искуството на натпреварувачите но и бројот на екипи, овој пласман и тоа како е задоволувачки.
Strugaonline
Facebook Коментари